Слушаме, истражуваме, бараме решение, реализираме.
Како работиме
Во Три Стар ТКМ разбираме дека вашиот бизнис е уникатен и сакаме да бидеме дел од вашата успешна приказна. Ние постоиме да ве слушнеме, да ги разбереме вашите потреби, изнајдеме соодветни решенија и да ги реализираме.
- Наша цел е задоволството кај нашите клиенти.
- Ние истражуваме за вашиот проблем.
- Наоѓаме решенија и алтернативи.
- Сме достапни и отворени за предлози и идеи.
- Развиваме стратегии кои ќе му помогнат на вашиот бизнис.
35
настани
Низ децениското постоење организиравме голем број корпоративни настани, прес конференции и натпревари.
280
проекти, кампањи и стратегии
Изработивме успешно голем број проекти, кампањи и стратегии за нашите клиенти.
20
компании и бизниси
20 компании и бизниси ни го доверија нивното Social Media присуство на разни платформи.
10
години искуство
Горди сме на нашата 10ка! Продолжуваме заедно кон нови успеси. Ви благодариме што не избравте нас за ваш партнер,
Како започна нашата приказна
Започнавме со работа на 10 мај 2007 година во Скопје. Водени од идеја и желба за работа, тргнавме гладно во потрага за клиенти со кои заедно ќе растеме.
Како што минуваа годините, нашиот тим растеше и нови идеи постојано се раѓаа, како за проширување на опсегот на услуги кои ги нуди нашата агенција така и за учење на нови вештини. Променливиот маркетинг пазар не натера традиционалниот маркетинг да го прошириме и со формите на дигиталниот маркетинг и се' она што подразбира он-лајн присуство.